Според информациите на официјалниот сајт на послкиот тим Гвардија Ополе, еден од најталентираните ракометари во клубот останува и понатаму дел од екипата. Иако беше најавен трансфер во Келце, сепак Јан Климков ќе остане во Гвардија Ополе.
Освен Келце многу други странски клубови беа заинтересирани за Климков, но коронавирусот му зададе голем удар на ракометот и се чини дека тоа ја промени ситуацијата. Новиот договор на младиот ракометар е потпишан на две години.
21-годишниот пикер веќе го имаше своето деби во репрезентацијата на Полска. Талант Душебаев сакаше да го има на располагање во негоивот тим од наредната сезона но младиот ракометар одлучи поинаку, односно да остане во досегашниот клуб.