Поранешната репрезентативка на Данска, Ан Грете Норгард, пред неколку недели го напушти романскиот шампион Валчеа, поради финансиската ситуација во клубот и реши својата богата кариера да ја продолжи во Норвешка.
Таа ќе настапува за норвешкиот претставник во Лигата на Европа, Сторхамар. Клубот има високи амбиции за следната сезона и моментално со Кристијансанд се борат за титулата во Норвешка.
37-годишната ракометарка освен за Валчеа имаше настапи и за Виборг, Рандерс, Холстебро и Хорсенс.
Освен Норгард, можно е Валчеа да ја напуштат и шпанските интернационалки – централниот бек Алисија Фернандез и десното крило Марта Лопез.