Шведскиот стратег, Томас Риде доби отказ од местото селектор на женската репрезентација на Романија. Откако на Светското првенство не оствари добар резултат Ракометната федерација на Романија одлучи да му врачи отказ на Риде.
Швеѓанецот на својот профил на Фејсбук објави дека има намера да ја тужи Ракометната федерација на Романија. Главна причина за неговата одлука е тоа што раскинувањето на договорот не било според правилата.
Тренерот исто така нагласува дека во неговата 37 годишна кариера ова е првпат тој да добие отказ од некоја работа. Но Риде е решен да оди до крај и веќе побарал правна помош од адвокат.