Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска игра важен натпевар против Турција од квалификациите за ЕП 2024 година.
Селекторот на домаќините, Окан Халај, вели дека ова е еден од најважните нивни натпревари во историјата.
„Ќе го играме можеби еден од најважните натпревари во историјата. Ако ја победиме Македонија, тогаш нашите шанси да играме на ЕП се 60% или 70%. Како репрезентација, подготвени сме за тоа. Мислам дека луѓето во Ван ќе не поддржат нас на овој важен меч. Ако трибините се полни, ќе се бориме да победиме и да ги израдуваме навивачите и цела Турција“, вели Халај.
Натпреварот меѓу Турција и Македонија се игра денеска во Ван со почеток во 16:00 часот, а ќе го судат Бркиќ и Јусуфхоџиќ од Австрија.