Ракометарот на Вардар имаше еден од поубавите погодоци во 7. коло од Лигата на шампионите кога од речиси невозможна позиција успеа да го совлада Роланд Миклер.
Сепак, ова не беше доволно да се најде во изборот за еден од петте најубави погодоци каде што место имаше за Сандро Обрановиќ (Загреб), Рихард Бодо (Пик Сегед), Ерик Јохансон (Елверум), Аркадиуш Морито (Келце), Барис Пухоуски (Мотор).
Секако дека Дибиров го заслужи своето место особено во натпреварот во кој го постигна голот број 1.000 во Лигата на шампионите и се смести меѓу легендите во натпреварувањето.
Голот на Дибиров можете да го погледнете на овој ЛИНК, додека најубавите пет гола во изборот на ЕХФ на следниот ЛИНК.