Чешкиот репрезентативен лев бек Матеј Клима, порано од предвиденото стана ракометар на бундеслигашот Лајпциг.
Тој имаше потпишано договор од летото 2023 година со овој тим, но поради повредата на Ловро Јотиќ, Клима ќе се пресели во Лајпциг осум месеци порано.
Македонскиот шампион Вардар го бараше Клима кон крајот на минатата сезона пред да се случи исклучувањето од ЛШ од страна на ЕХФ, но чешкиот бек уште тогаш го потпиша договорот со Лајпциг што требаше да биде валиден од 2023 година.
Досега тој играше за второлигашот во Германија, Либек Швартау, a во татковината го 23-годишниот лев бек го носеше дресот на Дукла Прага.