Полскиот шампион Келце во следната сезона нема да смета на услугите на турскиот интернационалец Дорук Пеливан, кој ќе биде пратен на позајмица.
Левиот бек имаше понуди од Романија и Франција, но најсериозна екипа во намерата да го ангажира беше Минден, кој на крајот и ги доби неговите услуги. Оваа екипа се интересираше и за Филип Талески по заминувањето од Балинген, но тој се пресели во Вардар.
Пеливан ќе биде замена за Мариан Михалчик кој замина во Фуксе Берлин. Турчинот во Келце пристигна како голем талент кој имаше одлични изданија во екипата на Фиверс во Австрија.
Во првата сезона во полскиот шампион одигра солидно во домашното првенство, но во Лигата на шампионите не доби преголема шанса.
Праќањето на 21-годишниот ракометар на позајмица е резултат на новите правила кои ги донесе федерацијата на Полска двајца домашни играчи да има постојано на теренот и враќањето од Горњик Забже на позајмениот Симон Сичко кој настапува на иста позиција.