Го бараа Веспрем и Келце, ама ќе остане во Мешков Брест

Иако се шпекулираше дека десното крило на Мешков Брест, Никита Вајлупов, е пред трансфер во унгарски Веспрем, директорот на белорускиот шампион, Павел Башкин, во емисијата „Спорт Клуб” на ТВ каналот ОНТ, ги демантираше шпекулациите.

Башкин ги коментираше гласините и истакна дека, Вајлупов сепак ќе остане во клубот, најмалку уште една година.

„Вистина е дека некои ракометари заминуваат и избираат свој пат во кариерата. Што се однесува до Никита Вајлупов и гласините за неговиот трансфер во Веспрем нема што да се коментира. Тој останува со нас и следната сезона. Ќе видиме тогаш како ќе се развиваат настаните“, изјави Башкин.

Десното крило на Мешков Брест е стандарден репрезентативец на Белорусија и во последните неколку сезони беше посакуван во голем број на моќни клубови.

Неговите импресивни партии во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и репрезентативните настапи беа причина и на заинтересираност од Келце, Веспрем и уште неколку други екипи.