Левото крило Уго Деска, се откажа од продолжување на договорот со францускиот тим Монпелје кој истекува летото 2023 година.
Според пишувањата на „Л’екип“, раководството на поранешниот европски првак добило негативен одговор до Деска, кој е близу до трансфер во Веспрем.
Освојувачот на трофејот на Олимпјадата во Токио со Франција, има понуди од Фуксе Берлин, Рајн Некар Левен и ПИК Сегед, но најблиску до договор е со Веспрем.
На лево крило оваа година во унгарскиот гигант играат Дејан Манасков, кој се рехабилитира по повредата и Мануел Штрлек, а Македонецот заминува на лето.
Откако пропадна дилот со тунискиот репрезентативец Усама Буганми, чиј клуб бараше голема оштета, Веспрем го ангажираше Исланѓанецот Бјарки Мар Елисон.