Гоце Георгиевски почнува тренерска кариера

Актуелниот член на Вардар, Гоце Георгиевски, во новата сезона ќе започне тренерска кариера и ќе биде ангажиран во стручниот штаб на ракометниот клуб Рисови.

Од скопскиот клуб ја потврдија соработката со искусниот ракометар, кој своето знаење и искуство ќе треба да им го пренесува на најмладите.

Десното крило пред извесен период реши да се повлече од националниот тим, во кој даде голем придонес за македонскиот ракомет.

Георгиевски во долгата репрезентативна кариера играше на сите ЕП од 2012 до 2022, како и на сите СП од 2013 до 2023, како и на квалификациите за ОИ 2012 и ОИ 2016.

,,Пред се сакам да се заблагодарам на Ракометниот клуб Рисови за укажаната можност покрај играчката кариера да започнам со работа и во тренерската фела. Ова за мене е предизвик и шанса стекнатото играчко искуство и знаење да го пренесам на младите играчи и да започнеме уште една успешна Македонска приказна”, изјави Георгиевски.