Гоце Георгиевски: Ако не веруваш во победа, подобро да не играш (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски беше задоволен после нтпреварот против Алборг и победата од 30:28. Тој имаше пофалби за играта и коректноста на противникот, но и за публиката која според него беше на ниво и за чиста десетка. Голем плус за нив бил и моментот што верувале во победа и на таков начин влегле во средбата што на крај и се оствари. Инаку, сега следува пауза до 13 октомври кога во Скопје доаѓа тимот на Монпелје.