Готфридсон на излезна врата од Фленсбург

Шведскиот репрезентативен бек Џим Готфридсон, многу веројатно нема да го доработи до крај договорот што го има со германскиот Фленсбург.

Тој e врзан со договор до 2025 година, но во интервју за шведскиот „Афтонбладет“ откри дека не се чувствува доволно почитуван од актуелниот негов клуб и размислува за промена на средината.

„Се чувствувам добро во Фленсбург и се уште имам три години од договорот. Но има клубови што сакат да го откупат мојот договор. Затоа побарав од клубот да се изјасни и да одреди трансфер оштета за мене – за ова лето, за во 2023 година и за во 2024 година. Но досега не сум добил одговор од нивна страна“, вели Готфридсон.

Тренерот Мачулиа не е изненаден од интересен за шведскиот репрезентативец.

„Јасно е дека играч како него посакува секој клуб и дека тој е интересен за другите клубови. Ние не сме наивни“, вели Мачулиа за германскиот „Кикер“.

Фленсбург го очекуваат големи промени, бидејќи заминуваат крилата Хампус Ване, Ласе Сван и Мариус Стенхаусер, а во летото 2023 година ќе заминат и Горан Јоханесен, Магнус Род и Симон Халд.