Гости од цел свет доаѓаат во Македонија, пристигнаа и Уругвајките

Од сабота па до 10 август, Скопје и Македонија ќе бидат домаќини на најдобрите млади ракометарки од светот.

Репрезентациите учесници на кадетскиот Мундијал една по една почнаа да пристигнуваат во македонската метропола.

По Алжир, пристигна и селекцијата на Уругвај, а двете селекции денеска имаа шанса да го почувствуваат паркетот во СЦ „Борис Трајковски“ и одиграа пријателски натпревар.

Уругвај ќе биде дел од групата Г заедно со селекциите на Бразил, Норвешка и Чешка, додека Алжир се наоѓа во групата А со Црна Гора, Исланд и Шведска.