Интернационалците од Македонија имаа успешни гостувања во 17. коло од Бундес лигата. Филип Миркуловски со Вецлар славеше победа со 29:26 кај Лајпциг, а Филип Кузмановски со Магдебург го совлада Бергишер со 24:23.
Првиот дел Лајпциг и Вецлар го одиграа максимално израмнето и ниту еден тим не обезбедни предност пред продолжението. По 30. минути игра беше 15:15. Тимот на Миркуловски во првите пет минути од вториот дел направи три разлика која успеа да ја одржи до крај за важна победа на ова гостување. Филип Миркуловски запиша една асистенција, а не успеа да постигне гол.
Магдебург многу тешко стигна до бодовите на гостувањето кај Бергишер. По првиот дел домашниот тим имаше минимлна предност од 11:10. Во продолжението на натпреварот и двете екипи имаа свои минути, но во последните 10 минути колегите на Кузмановски усепаја да направат позитива за конечна победа. Кузмановски немаше учинок на натпреварот.
Во останатите натпревари Гепинген го совлада Нордхорн, а Ерланген славеше на гостувањето кај Минден.
17. коло Бундес лига, резултати:
Бергишер – Магдебург 23:24 (11:10)
Гепинген – Нордхорн 28:26 (16:14)
Лајпциг – Вецлар 26:29 (15:15)
Минден – Ерланген 26:29 (13:13)