Екипата на Синфин Сантандер каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски ја оствари втората победа во Асобал лигата.
Во натпревар од 10. коло од првенството на Шпанија, Синфин Сантандер славеше победа на гостувањето кај Кангас со 26:23.
Тимот на Димитриевски имаше предност скоро во текот на целиот натпревар, на полувреме беше 12:10. Исклучок беше почетокот на вториот дел кога Кангас поведе 14:12. Сепак, до крајот Синфин успеа да го сврти резултатот и да стигне до победата.
Дарко Димитриевски постигна два гола на натпреварот од вкупно седум обиди. Со овој триумф Синфин избега од опасната зона на испаѓање, но, сепак, до крајот на сезоната им претстои голема борба за обезбедување опстанок во најдобрата лига.