Гостинска победа на Будуќност, Ѓер продолжува без грешка во ЛШ

Ракометарките на Будуќност ја остварија втората победа во Лигата на шампионите откако на гостувањето кај Борусија Дортмунд во натпревар од 13. коло црногорскиот тим славеше 30:34.

Во текот на првото полувреме Борусија Дортмунд најчесто беше во предност, но гостите успеваа да дојдат до израмнување во неколку наврати. На полувреме домашниот тим замина со водство од 18:16. Будуќност одигра одлично второ полувреме во кое направи целосен пресврт и изненадувачки ја забележа првата гостинска победа сеознава.

Ван дер Хејде и Гријселс беа најефикасни во тимот на Борусија Дортмунд со осум односно седум погодоци. Во составот на Будуќност прв стрелец беше Валерија Маслова со десет гола, а Николина Вукчевиќ постигна седум.

Ѓер продолжува да доминира во Лигата на шампионите и ја запиша 13. победа во исто толку натпревари. На гоостувањето кај Савехоф унарскиот тим триумфираше со 25:31. На полувреме гостите имаа водство од 12:15, а до крај без проблеми забележаа нова победа.

Јамина Робертс со седум гола беше најефикасна во екипата на Савехоф, а по пет погодоци постигнаа Мортенсен и Толструп. Предводнички до уште една победа на Ѓер беа Ане Мете Хансен со шест и Нзе Минко со пет гола.

Екипите на Есбјерг и Брест одиграа интересен натпревар со неколку пресврти кој на крајот заврши без победник 28:28. После првите 30 минути Брест беше во водство од 15:16, а во продолжението Есбјерг најчесто беше имаше предност но не успеа да забележи триумф.

Кристине Бреистол беше најефикасна за тимот на Есбјерг со осум погодоци, а четири постигна Марит Јакобсен. Во францускиот претставник прв стрелец беше Алисија Тублан со седум гола, а шест постигна Ниакате.