Екипата на Гевгелија во неизвесен натпревар на домашен терен славеше победа против составот на Шампион со 24:23 во дуел од плеј-аут конкуренцијата во Женската лига благодарение на одбраните на голманката Горковска во завршницата.
Првиот дел беше доста израмнет, двете екипи имаа добри минути и водство. Гевгелија успеа да се одлепи на четирит разлика, но Сара Трајков го одржуваше тимот на Шампион во игра. На полувреме беше 14:13.
Натпреварот продолжи максимално израмнето, второт полувреме во поголемиот дел се играше гол за гол и натпреварот влезе во неизвесна завршница. Шампион имаше два напади да избегне пораз но Ана Марија Горкова одбрани во клучниот момент и донесе победа на Гевгелија.
Најефикасни во победничкиот тим на Гевгелија беа Митрова Драгица со седум гола и Михаела Митревска со шест. Во составот на Шампион убедливо најдобра беше Сара Трајков со 12 погодоци но сепак не беше доволно незјиниот тим да избегне пораз.