Некогашниот репрезентативец и член на многу македонски и европски екипи, Горан Кузманоски, на крајот на оваа сезона ќе ја заврши мисијата во тимот на Прилеп.
Прилепчани обезбедија опстанок, наредната сезона ќе играат во елитното друштво, па Кузманоски заминува од исполнета цел на клубот од стартот на сезоната.
По две години на кормилото на Прилеп, Кузманоски ќе побара нов предизвик. Има две понуди од суперлигашки клубови од Македонија, има опции и за странство, а наскоро ќе биде познато каде ќе ја продолжи тренерската кариера.
Кузманоски, вечерва за последен пат ќе го води Прилеп на домашен терен, на дуелот против Струга, па клубот ги повика симпатизерите да го поздрават популарниот Таста.