Горан Кузманоски: Подобро сега грешки отколку во ноември

Бутел го освои последното осмо на турнирот во Охрид, но покажа дека и со „десеткуван тим“ е конкурентен. На сите дуели беа „во игра“, даваа отпор и не се предаваа. Од четирите натпревари победија против Металопластика, поранешниот европски првак и тоа го групната фаза. Таа победа можеби е важна ако се има предвид дека Србите потоа го победија Еурофарм Пелистер кој го освои турнирот „Крсте Андоновски“

Во борба за седмото место Бутел водеше во голем дел од средбата, но со пресврт во самата завршница тимот на Голден Арт се радуваше на нивниот прв триумф, 21-18 со кој завршија пред бутелци.

Во Охрид во тимот на Бутел недостасуваа тројца играчи кои поради разни причини останаа дома, во Скопје: Стефан Крстевски, Кристијан Василевски и Андреј Петрушевски. Играа како тим, а помладите добија шанса, и во најголем дел ја искористија. Тренерот Горан Кузмановски е задоволен од настапот. Резултатот во Охрид барем за него бил во втор план.

„Од прите три мечеви што ги одигравме тука сум задоволен, осбено под каков ритам игравме и во какво светло се покажавме. Сакав да им дадам шанса и на помладите бидејќи четири меча за четири дена е многу. Во Скопје ни останаа тројца ракометари. Им дадов шанса на сите, бевме мотивирани и знаевме што сакавме н анатпреварите. На последниот меч имавме уште тројца повреднеи, па заморот беше пресуден за крајниот резултат, вели Горан Кузмановски, тренерот на Бутел.

Без разлика на освоеното последно место за тренерот Кузмановски следува период во кој ќе дојдат резултатите од сегашната напорна работа и темпо.

„ На добар пат сме. Ќе дојде резултатот, но понатаму. Треба да сфатиме некои работи, и јас и играчите, дека мора да има промена ако сакаме да одиме напред. Промена во системот на игра. Да сфатат тоа што го барам од нив. Во тешка група сме во домашното првенство, и сите имаат шанса и сакаат да одат во плеј офот. Јас доста верувам во овој тим. Наметнав силно темпо, и во Србија и тука. Покажувавме добри реузлтати во првот ополувреме, ама не и во второто. Оставив малку време да ги отстраниме и грешките, смета Кузмановски.

Подготвителнот период е напоред, и сега е вистинското врем да се испробаат сите варијанти, можни комбинации. Кузмановски смета дека е подбро сега да се видат грешките отколку кога ќе почне сезоната.

„Секогаш сакам сега да ги видам грешките отколку во ноември кога ќе биде сезоната во ек. Ќе направиме анализа на се, за да почнеме во првенството најдобро што можеме, вели Кузмановски.

Во домашното првенство Бутел е во група со екипите на Голден Арт, Вардар, Еурофарм Пелистер, Вардар Неготино, Мулти Есен, Прилеп и Пролет. Првите четири екипи ќе играат во плејофот.
Во првото коло Бутел гостува кај Прилеп.
.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.
.