Екипата на Спартак предводена од Јана Ѓошевска ги освои гостинските бодови кај Кузман Вардар откако забележа убедлив триумф од 43:27 во натпревар од 7. коло од плеј-аут фазата во единствената сениорска конкуренција кај дамите.
Домашната екипа парираше во воведниот дел, издржа до 2:2, потоа сѐ течеше според планот на гостинките, кои од минута во минута градеа сигурна предност и на полувреме заминаа со осум гола разлика, 19:11.
Ниту вториот дел не донесе голема промена на резултатот, домаќинките се обидуваа да ја преполоват негативата и да се изборат за поблаг пораз, но тимот предводен од Мицевски не попушти ни за момент и дополнително ја зголеми предноста.
Натпреварот го одбележа ракометарка од редовите на Спартак, Јана Ѓошевска, постигна 18 погодоци, сите од игра.
Кај Кузман Вардар најмногу се истакна Сандра Јовевска со двоцифрен број на погодоци, вкупно десет.