ГОЛ за ТВ шпици – ќе мора да го погледнете најмалку два пати! (ВИДЕО)

Во натпревар од 4 коло во Асобал лигата меѓу Кањас и Торелавега, кој го добија гостите со 33-28, беше постигнат еден погодок кој сигурно ќе биде дел од ТВ шпиците. Марио Дорадо по истекот на времето, ја зема топката да изведе слободен удар и погоди низ нозете на противничкиот голман. Тој најпрво ги измами дефанзивците на Торелавега, а потоа со удар покрај живиот ѕид ја упати топката кон голот и го погоди. Погледнете...