Тренерот на екипата на Татран Прешов, Славко Голужа после мечот беше задоволен од направеното од неговите играчи, но не можеше да биде задоволен од резултат со оглед на тоа што си заминува без бодови. Имаше отпор доста време, но немаше сили за да се дојде и до подобар резултат така што на крајот беа упатени честитки до Вардар, но и до навивачите.
„Дојдовме во изменет состав поради тоа што имаме повредени играчи. Сакав да одиграме максимално особено во првиот дел. Се подготвивме добро за Вардар и добро функционираше со исклучок на неколку технички грешки. Не сум задоволен како одигравме во првите десет минути во вториот дел. Завршувавме таму кај што Вардар најсилен. Многу лошо и одреагиравме. Сè на сè горд сум на моите момци. Одигравме многу добро и традиционално е така против Вардар. Драго ми е да дојдам во Скопје и драго ми е да играм против Вардар. Не треба да се трошат многу зборови за Вардар и јасно е дека секогаш кога се игра против актуелниот првак е посебно задоволство. Му посакувам на Кокшаров здравје кај играчите за да може да се подготви за продолжение од сезоната. Воедно и благодарам на публиката за топлината која ја дадоа и на фер и коректното однесување во текот на целата средба“, рече Голужа.
На ова се надоврза и ракометарот кој беше претставник на тимот на пресот, Давид Михалка.
„Во првото полувреме тргнавме добро, а имавме поддршка и од голманот. Во вторите 30 минути Вардар тргна со агресивна одбрана 5-1 и премногу напаѓавме кон средината, но и таму каде што Вардар ее најсилен. Да се дадат само девет гола за едно полувреме е многу лошо. Штета што не продолживме во ист стил како што игравме во првото така ќе имавме поголема шанса“, изјави Михалка.