Голобрадите пелистерци го потопија вардаровиот Титаник (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар

Шампионот на Македонија, Вардар денеска доживеа тежок удар од составот на Еурофарм Пелистер 2 откако вториот тим на битолчани на домашен терен славеше против вардарци со 27:26. Во игра со контролирање на водството од почеток до крај победата за домашните беше потполно заслужена. Во финишот Вардар се врати во игра барем за бод, но избраниците на Александар Јовиќ не дозволија бодовите да заминат од Битола и се израдуваат на сензационален триумф.