Голманка „нокаутираше“ противничка во контра и заврши во соблекувалните (ВИДЕО)

На средбата меѓу Ѓорче Петров и Астибо домашните дојдоа до победа од 42:15 со што се изборија за бодови после неколку лоши средби. Од овој дуел, сепак, останува запишан еден момент во кој голманката на Астибо, Ангела Петрушева мораше да се пресели на трибините. Таа направи преркшок надвор од голманскиот простор, па и беше покажан патот кон соблекувлните. Дали беше за црвен картон или можеби не, можете да погледнете во видеото и да пресудите.