Голманите на Данска добро го познаваат, Лазаров има 33 гола на четири дуели

Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров кој денеска дебитира и како селектор против репрезентацијата на Данска има одиграно четири средби и голманите на противникот доста добро го познаваат.

Главно неговите битки беа со Никлас Ландин, па и вечерва ќе има можност одново да продолжи да го полни голот на противникот.

Лазаров на четирите средби има постигнато 33 гола така што ова е шанса за нови погодоци против актуелниот светски првак.

Инаку, поради повреда Кире не играше на последната средба одиграна пред три години на Европското првенство во Хрватска.