Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, кој оваа сезона е тренер-играч на австрискиот Холабрун, го внесе тимот во елитната австриска конкуренција.
Холабрун и минатата сезона имаше обезбедно пласман, но реши да настапува во вториот ранг во Австрија.
Оваа сезона одново Холабрун заврши на првата позиција, а за тоа големи заслуги има токму Митков, кој до повредата на раката беше меѓу најдобрите стрелци не само во неговиот клуб, туку и во целата лига.
Некогашниот репрезентативец кој потекнува од Штип и има одлична кариера, од септември ќе дебитира како тренер во најсилната австриска конкуренција.