Голем удар за Нант – лидерот мора да оди на операција!

Екипата на Нант преку својата официјална страна ја информираше јавноста дека еден од носителите на играта на тимот, Ејмерик Мин ќе паузира одреден временски период поради повреда.

Средниот бек, кој има 25 години и кој во досегашниот тек во Лигата на шампионите постигна 27 погодоци на четири одиграни натпревари, мора да оди на операција.

Младиот ракометар поради повреда на зглобот мора да направи итна операција и неизвесно е колку ќе отсуствува од терените, но според проценките го очекува подолга пауза, па најверојатно нема да настапи на Мундијалот во јануари.

На средната бековска позиција во екипата на Нант настапуваат уште Рок Овничек и Лукас Бретеше, кои во следниот период ќе треба да го понесат товарот и да бидат на висина на задачата.

Нант во францускиот шампионат моментално по пет одиграни кола се наоѓа на првата позиција на табелата со десет бода.

Францускиот тим во Лигата на шампионите на четири одиграни натпревари забележа три победи.