Екипата на ЦСКА Москва каде што настапува Сара Ристовска забележа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Мец од 24:32 во заостанатиот натпревар од 1. коло во групата Б Лигата на шампиони за жени.
Претставникот од Русија забележа важен триумф, а македонската репрезентативка во победата на својот тим придонесе со еден погодок. Вистински лидер и предводник на ЦСКА беше Ана Грос со 12 погодоци.
Натпреварот започна многу израмнето, двете екипи имаа само минумална предност и неколкупати го менуваа водството. За првпат ЦСКА Москва имаше два предност во 26. минута од првиот дел. До полувреме Мец не усепа да се врати и на одмор замина со негатива од 12:15.
На почетокот на вториот дел екипата на Ристовска стигна до пет предност, а во продолжението сите обиди на Мец беа неуспешни да се врати во натпреварот. На крајот ЦСКА Москва забележа сигурна победа и освои нови бодови.
Со оваа победа ЦСКА се искачи на третата позиција во групата Б со девет бода, веднаш зад Мец кој има десет а на водечката позиција е Ѓер со максимални седум победи. Во следното коло Ристовска со својот тим ќе гостува кај Крим.