Голем пропуст – играч заведен во записник и како тренер, делегатот доби суспензија!

Голманката и помошен тренер на екипата Железничар од Инџија, Слаѓана Ѓериќ, за реванш натпреварот од полуфиналето против Јагодина, во кој нејзината екипа славеше после изведувањето на пенали и обезбеди влез во финалето од српскиот шампионат, била пријавена како играч, но и како дел од стручниот штаб на Железничар, односно лице задолжено за голманите.

Поради тоа, поранешната репрезентативка на Србија двапати била запишана во записникот за реванш натпреварот против Јагодина, што е спротивно на правилата 4.1 и 4.2 за замена на играчи и функционери од дисциплинскиот правилник на РСС, во кои, меѓу другото, се наведува дека „исто лице не смее да се регистрира и како играч и како службеник“.

За големиот пропуст што се случил на овој натпревар, казна доби Бранка Мариќ, која е поранешен меѓународен судија, а сега ја има најважната улога на натпреварите во српската лига како контролор. Токму Мариќ била контролор на натпреварот меѓу Железничар и Јагодина.

Директорот на Аркус лигата, Милорад Шолевиќ, донесе одлука Мариќ да биде суспендирана на 30 дена. За време на суспензијата, Мариќ не може да ја извршува својата должност.

СЕНЗАЦИЈА ВО СРБИЈА: Инџија по пенал рулет го елиминираше шампионот (ВИДЕО)