Легендарниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски од денеска ќе има нова улога во бундеслигашот Вецлар.
Тој ќе ја извршува функцијата прв тренер заедно со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ, откако досегашниот стратег Бен Мачке доби отказ.
Вецлар имаше лош старт на сезоната, се наоѓа на 15 место во Бундес лигата, а поразот од Хамбург дома ја прели чашата.
Миркуловски ќе го води тимот на гостувањето кај Хановер на Филип Кузмановски, а потоа на домашен терен Вецлар ќе игра со гигантот Кил.