Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за првите четвртфинални средби од Лигата на Европа во машка конкуренција.
Голем предизвик ќе имаат македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои ќе го судат дербито на оваа фаза.
Станува збор за натпревар меѓу швајцарскиот Кадетен и еден од фаворитите за трофеј, бундеслигашот Фуксе Берлин.
Овој дуел ќе се одигра во Шафхаузен, на 11 април со почеток од 18:45 часот, а делегат ќе биде Австриецот Рајзингер.
Македонската двојка оваа сезона судеше одлично во Лигата на Европа и во женската Лига на шампиони.