Една од носителките на играта во црногорската репрезентација, Ѓурѓина Јауковиќ ќе го пропушти Светското првенство во Шпанија и скоро сите натпревари од Лигата на шампионите во дресот на Брест Бретањ поради повреда која ја доби во натпревар од францускиот шампионат.
Црногорката заработи тешка повреда, ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, а прегледите потврдија дека се работи за сериозна повреда.
Поради тоа, левиот бек на Брест Бретањ нема да биде во можност да ја доигра новата сезона. Според француските медиуми, Јауковиќ би можела да се врати на терените кон почетокот на месец мај.
Селекторот на Црна Гора, Бојана Поповиќ на левата бековска позиција за Светското првенство во Шпанија останува само со ракометарката од Ѓер, Јелена Деспотовиќ, но ќе треба во ростерот да приклучи и некоја ракометарка од резервите за пополнување на позицијата лев бек.