Десното крило Реваз Чантурија би требало да биде второто засилување за новиот суперлигаш Прилеп.
38-годишното десно крило, кое 16 години е во Македонија по трансферот од Шевардени Тбилиси, ланската сезона ја одигра во Металург, првиот македонски тим во кој играше откако дојде во нашата држава.
Потоа играше за Вардар, Пелистер, МАКС Струмица, Пелистер и Струга, пред вторпат да замине во Автокоманда.
Прилепчани работат активно на формирање на конкурентен ростер за суперлигашките предизвици, а пред неколку дена потпиша голманот Зура Цинцадзе.
Во комбинација се уште неколку суперлигашки играчи, а нивните трансфери би требало да бидат обелоденети до крајот на оваа седмица.