По Нина Милевска, тимот на Вардар го донесе и второто засилување пред стартот на новата сезона во Женската лига.
Станува збор за Тамара Ивановска, леворака ракометарка, која настапува на позициите десен бек и десно крило.
Ивановска долго време ги бранеше боите на матичниот клуб, но сега ќе има нов предизвик во кариерата.
Таа повеќе пати се најде и на списокот на женската сениорска репрезентација, па Александар Царчев добива големо засилување.
Од Вардар заминаа Ивана Џатевска, Бојана Диневска, Сара Миновска и Јована Трајкоска.