Големото дерби за 200 денари, билети ќе се продаваат во петок!

Големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар што ќе се игра в недела, ќе го реши прашањето за македонскиот шампион.

Домаќинот, Еурофарм Пелистер, в петок ќе ги пушти во продажба билетите за овој натпревар по цена од 200 денари.

Билетите нема да се продаваат како досега и преку интернет, туку само на три локации низ Битола.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра на 1 мај во „Боро Чурлевски“ од 19:00 часот, а најавена е фан-зона.