Македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе има голема шанса за пласман во осминафиналето во Европскиот Куп.
Двете средби од третото коло во ова натпреварување против австрискиот Румс Јагс ќе бидат одиграни во Скопје.
За разлика од претходното коло, кога Ѓорче Петров на два пати играше на Исланд, сега пред своите навивачи ќе одиграат две битки.
Натпреварите меѓу македонскиот и австрискиот тим ќе се играат на 10 и 11 декември со почеток во 18:00 часот во спортската сала во Автокоманда, која до тогаш треба да биде реновирана.
Вториот наш претставник во Европскиот Куп, веќе го закажа првиот натпревар против израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган. Тој ќе се игра на 4 декември од 18:00 часот исто така во Автокоманда.