Голема желба: „Ајде титула во Битола!“

Хрватскиот интернационалец во редовите на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ вели дека за него бил шок трансферот од четири милионскиот Берлин, во Битола, но дека брзо се навикнал.

Топлите луѓе, мирот и љубовта кон ракометот е она што посебно му значи, како и фактот дека сите ја посакуваат шампионската титула.

„Берлин има четири милиони луѓе, каде никој за ништо не те прашува и секој гледа за себе. Одеднаш доаѓам во Битола, мал град, секој секого знае и сите знаат дека дошол нов играч. Сите те поздравуваат, ти велат „Ајде титула во Битола“ (се смее) Хаос, но луѓето се такви, а и ова е Балкан, поинаку се живее, но убаво е сето тоа… Она што ми недостасува најмногу во сала се навивачите. Ги гледав снимките од натпреварите со Веспрем во СЕХА и тој амбиент во салата, да се наежиш. Факт е дека навивачите се тој ’ветар во грб’ кој нас нè носи кога е тешко и кога доаѓаш во фаза кога губиш сила и концентрација. На нивното навивање не можеш да останеш рамнодушен, особено тука, во Битола каде луѓето живеат за ракомет. Знам за историјата која ја има Пелистер и верувам дека оваа екипа може да врати дел од таа еуфорија и таа слава.“

Комплетното интервју со Стипе Мандалиниќ прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ СТИПЕ МАНДАЛИНИЌ: Еурофарм Пелистер е „сите за еден и еден за сите“ – средина која ветува успех