Репрезентациите на Бразил и Тунис одиграа многу интересен натпревар во рамки на групата Б на Светското првенство во Египет. Особено завршницата беше многу возбудлива, но на крај екипите ги поделија бодовите откако натпреварот заврши 32:32.
Дуелот започна максимално израмнето, долго се играше гол за гол сè до резултат 10:10. Вториот дел од првите 30 минути им припадна целосно на ракометарите на Тунис, во овој период стигнаа до највисoка преднос од пет гола, 18:13.
Ефикасната игра продолжи до крај на првиот дел, а Бразил не успеа целосно да ја анулира предноста на противникот и само намали на четири негатива. Првото полувреме го доби Тунис со 20:16 и имаше добра залиха пред продолжението.
Бразил имаше перфектен старт на вториот дел, Тунис погоди во првиот напад но потоа следуваше серија од 5:0 на Бразилците за целосно враќање на неизвесноста на натпреварот. До средината на вториот натпреварот продолжи со игра гол за гол. Повторно Бразил имаше добар период и после долго време повторно беше во водство.
Финишот на натпреварот беше многу драматичен, Тунис одново поведе и имаше два гола предност на 30 секунди до крај. После тајм-аутот Бразилците успеаја да постигнат брз гол, а потоа Тунижаните избрзаа со удар што им овозможи на Бразилците од контра да израмнат. Останаа неколку секунди за Тунис, Абдула биеше од 11-12 метри во пречката и од линијата топката се одби во поле за конечен нерешен исход.
Хичкок режираше во Каиро: Што се случи во последните 30 секунди меѓу Тунис и Бразил? (ВИДЕО)