Репрезентативецот на Унгарија, десниот бек Доминик Мате, кој во минатата сезона заработи тешка повреда на коленото, по пауза од скоро една година повторно се врати на терените.
Младиот ракометар на почетокот на новата сезона направи трансфер од Елверум во ПСЖ, но дури во вториот дел од сезоната го имаше својот деби настап за најбогатиот европски клуб.
Унгарецот, кој во ПСЖ пристигна како замена за искусниот Недим Ремили, на вчерашниот натпревар против екипата на Шарт во рамки од четвртфиналето од францускиот Куп постигна пет гола од шест обиди и беше најзаслужен за триумфот на ,,светците” од 37:35.
Доминик Мате своите квалитети ги покажа на Европското првенство 2022, каде што беше меѓу најефикасните во својата репрезентација.
23-годишниот ракометар во својата кариера освен за Елверум, со кој играше во Лигата на шампионите, настапуваше и за екипите на Балатонфуреди и Будимпешта.