Еден од дебитантите во новата натпреварувачка сезона во Првата лига, тимот на Голден Арт 2 денес на гостувањето во Велес кај Борец без проблеми дојде до убедлив триумф од 51:20.
Избраниците на Филип Глигиров победата ја обезбедија уште во првото полувреме, кое го добија со 24:11.
Гостинската екипа во вториот дел постигна уште 27 гола во мрежата на домаќинот, а прими само девет гола и се израдува на петтата победа во дебитанската сезона.
Најефикасни во победничката екипа беа Андреј Божиновски со осум и Марко Пасковски со шест гола. Во екипата на Борец се истакнаа Антонио Јаневски и Душан Крстевски со седум, односно пет погодоци.