Тимот на Голден Арт ќе има тежок распоред на стартот на новата суперлигашка сезона, во која амбициите се пласман во плеј-офот.
Избраниците на Владимир Глигоров тргнаа одлично и славеа кај новакот во елитата, Мулти Есенс, со 27-26.
Според распоредот, Голден Арт претстојниот викенд ќе гостува кај Вардар Неготино, а на 23 септември треба(ше) да игра со Еурофарм Пелистер на домашен терен.
Битолчани поради набиениот распоред дома и во ЛШ, побараа замена на домаќинствата, а Голден Арт направи спортски потег и го прифати барањето, па така оваа средба ќе се игра во „Боро Чурлевски“ на 23 септември.
Во четвртото коло Голден Арт според планот има гостување на 30 септември кај Бутел Скопје, што значи дека првиот натпревар во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одигра дури на 7 октомври против Пролет.