Тимот на Голден Арт со четворица нови ракометари ги започна подготовките за претстојната суперлигашка сезона.
Тренерот Владимир Глигоров ќе смета на поголем дел од ростерот од минатата сезона, на кој се додадени левиот бек Тоше Ончев, голманот Димитар Бардакоски и левиот бек Владимир Наумоски.
Од вториот тим на Голден Арт во првата екипа се прекомандувани 11 млади ракометари, меѓу кои и МВП-то на младинската лига – десниот бек Кристијан Стаменковиќ.
Планирано е тимот да одигра пријателски натпревари со составите на Вардар, а потоа ќе замине на подготовки во Струга.
Голден Арт ќе настапи и на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид од 23 до 26 август, по што ќе биде одиграна уште еден пријателски дуел пред официјалниот старт на сезоната.
Тимот го напуштија четворица ракометари – Пеце Рајатоски, Симон Гучески, Андрија Мандиќ и Ивица Илиев.
Асистент на Владимир Глигоров ќе му биде Филип Глигоров, а Марко Нелоски ќе работи на физичката подгоовка на играчите. Благоја Весиќ е новото име во тренерскиот дел и ќе биде задолжен за младинските категории.