Тимот на Голден Арт полека го составува играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона во суперлигашкото друштво.
Најново име на листата засилувања е левото крило Славе Јанковски, кој доаѓа од екипата на Струга. Јанковски потекнува од Струмица, беше дел од Вардар Јуниор и Работнички, пред да замине покрај езерото.
Таму имаше солидни партии и го привлече вниманието на Голден Арт, кој го ангажираше за следната сезона за суперлигашките битки.
Претходно тимот предводен од Никола Матлиески се засили со голманите Петар Виларов и Мартин Павличковски, со десното крило Мице Шилегов, пивотот Марко Трајковски, како и со Пеце Рајатоски и Дејан Гошевски, двајца ракометари што може да ги покријат десната бековска и крилна позиција.
Голден Арт ќе биде дел од групата Б во Суперлигата и ќе игра против Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Скопје.