Голден Арт победнички влезе во Суперлигата

Ракометарите на Голден Арт остварија лесна победа во последното 18. коло од плеј-офот во Првата лига откако на домашен терен го совладаа тимот на драчево со 45:28.

Домаќинот на натпреварот беше доминантен во текот на сите 60 минути. Уште на стартот Голден Арт ја најави победата кога отворија со 3:0 и 7:3. До крај на првиот дел рутински одржуваа преднсот и на паузата водеа 22:16.

И во продолжението Голден Арт играше многу ефикасно, одбраната на Драчево беше немоќна и разликата постојано се зголемуваше. До крај на дуелот новиот прволигаш оствари висока победа од 17 гола разлика со која го потврди второто место во плеј-офот и пласманот во најдоброто друштво.

Најефикасен во победничкиот тим беше Зоран Стојановски со 12 гола, седум постигна Милошески, а Миланов беше стрелец на шест погодоци. Во тимот на Драчево со шест гола најефикасен беше Бобан Андовски.