Тимовите на Голден Арт КЛ7 и Пролет одиграа интересен пријателски натпревар во кој на крајот немаше победник, 33-33.
Нерешено беше и на полувреме, 16-16, а во вториот дел се играше исто толку ефикасно како и во првиот.
Голден Арт КЛ7 беше без повредените Симоноски, Петрески и Буторац, но и покрај тоа најчесто ја имаше предноста на овој натпревар.
КЛ7 претходно загуби од Охрид и Еурофарм Пелистер 2, а го победи Шампион. Тимот на Пролет, пак успеа да го совлада Работнички во првиот тест натпревар.