Голден Арт КЛ 7 го доби скопскиот двобој кај прволигашите

Градското дерби во Групата Б од Првата машка лига меѓу екипите на Голден Арт КЛ 7 и Јуниор Кисела вода финишираше со победа на домашните од 24:21.

Во текот на целата средба ривалите од Скопје имаа надигрување во кое беше јасно дека ќе одлучуваат нијанси. И Голден Арт и Јуниор Кисела вода имаа свои шанси и моменти, но домашните беа подобри за нијанса и порешителни кога беше најпотребно.

Домашните беа постојано во предност, но гостите знаеја да останат во игра. Успеаја да стигнат до нерешен резултат и да заминат на одмор со 12:12.

Сепак, во второто полувреме домашните имаа нешто подобра одбрана. Тоа одлучи во моментите кога беше најпотребно и беше обезбедена предност која на крајот донесе и победа на стартот од сезоната во Првата лига.

Според она што беше видено на теренот, ова ќе биде интересна сезона во која сите тимови ќе имаат што да покажат во трката за пласман во плеј-офот.

ГА КЛ 7 – ЈУНИОР КВ     24:21 (12:12)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

ГА КЛ 7: Даскалоски, Василевски, Ацев, Колоски 1, Рајатовски 1, Даев 3, Гучески 5, Стаменковиќ, Пасковски, Димитров 2, Миланов 5, Илиев 3, Мандиќ, Дрпљанин, Гајиќ 4, Глигоров

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 2 мин.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА: Виларов, Ацевски, Илиевски 3, Димевски 1, Крстевски 2, Мекиќ 2, Печенковски 9, Лалов, Петровски 1, Димовски 1, Ристовски 1, Николов 2, Крстески 1, Симоноски, Николовски, Шкријељ.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.