Голден Арт донесе нов голман – потпиша Мартин Павличковски

Тимот на Голден Арт ја комплетира голманската позиција во тимот со доведување на младиот и талентиран Мартин Павличковски.

Павличковски своите први ракометни чекори ги направи во Металург кај сегашниот прв тренер на Голден Арт, Никола Матлиески.

Во потрага по потребната минутажа, младиот Павличковски две сезони помина во младинските екипи на Аеродром и Пролет, а последните две сезони беше дел од сениорската екипа на Аеродром. Со овој тим играше бараж натпревар за влез во Суперлигата.

Мартин Павличковски заедно со Златко Даскалоски и Петар Виларов ќе го сочинуваат триото голмани на Голден Арт.