Ракометарите на Голден Арт го остварија својот петти триумф по ред во плеј-офот од Првата лига откако во 5. коло на гостувањето кај Драчево славеа сигурна победа од 28:39.
Во првите десетина минути резултатот беше изедначен и двете екипи се менуваа во водство, додека во продолжението од натпреварот Голден Арт го диктираше темпото и резултатот. На полувреме гостите имаа водство од 14:19.
Второто полувреме беше формалност, доминацијата на Голден Арт продолжи, а Драчево немаше одговор на играта на противникот. До крај на дуелот избраниците на Никола Матлиески стигнаа до двоцифрен триумф.
Ивица Илиев беше најефикасен во победничкиот тим на Голден Арт со девет погодоци, а седум постигна Никола Димитров. Во составот на Драчево се истакна Димитар Петковски со девет погодоци. Во следното коло Голден Арт е домаќин на тимот на Младост Богданци, а Драчево гостува на Јуниор КВ.