Екипата на ГОГ Гудме успеа против Алборг да поведе со 1-0 во финалната серија од данскиот шампионат. Актуелниот бранител на титулата за нијанса беше подобар од скапиот проект на Алборг и првиот дуел од разигрувањето за титулата го заврши со победа од 31:30.
Иако Алборг имаше контрола во првиот дел од дуелот и на пауза замина со пет гола разлика, 16:11, сепак, мотивираните ракометари од Гудме се вратија во игра во вторите 30 минути и обезбедија важен триумф.
Најефикасни во победничката екипа беа Симон Питлик со осум и Џери Толбринг со пет погодоци. Кај Алборг се истакна Хенрик Молгард со шест реализации.
Вториот финален натпревар меѓу ГОГ и Алборг ќе се одигра на 4 јуни. Домаќин ќе биде тимот од Гудме, кој ќе се обиде да ја одбрани освоената титула од минатата сезона.
ГОГ Гудме во оваа сезона направи историски успех на европска сцена и стигна до четвртфинале во Лигата на шампионите.