Средниот бек на ГОГ, Мортен Олсен, кој има 38 години, по завршувањето на оваа сезона требаше да стави крај на својата кариера.
Некогашниот репрезентативец на Данска имаше во план да започне тренерска кариера и потпиша договор со Рингстед, клуб во кој ќе беше помошен тренер.
Сепак, данскиот шампион барем на уште една сезона ќе може да смета на искусниот ракометар, откако ја плати клаузулата и го сочува главниот стрелец.
Олсен во досегашниот тек од Лигата на шампионите постигна 68 погодоци и беше меѓу најзаслужните за пласманот на ГОГ во четвртфиналето од најквалитетното европско натпреварување.
ГОГ за следната сезона се засили со левото крило Александар Блонц од ПИК Сегед и десниот бек од Нант, Линус Персон.